Home / СУС Велес / Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ први на зонските натпревари

Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ први на зонските натпревари

Во спортската сала Филип II Македонски во Валандово на 7.12.2018 (петок) се одржа вториот турнир во ОДБОЈКА (машки) за СРЕДНИ УЧИЛИШТА од зона ВЕЛЕС – регион ИСТОК. Во рамките на овој турнир земаа учество обојкарските екипи на: ССОУ “Коле Неделковски“ и СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ од Велес и екипата на СОУ “Гоце Делчев“ од Валандово. Во рамките на овој втор турнир беа постигнати следните резултати: ССОУ “Коле Неделковски“, Велес – СОУ “Гимназија Кочо Рацин“, Велес 2:0, СОУ “Гимназија Кочо Рацин“, Велес – СОУ “Гоце Делчев“, Валандово 2:0 и ССОУ “Коле Неделковски“, Велес – СОУ “Гоце Делчев“, Валандово 2:0. Водач на екипите беа за ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес е професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев. Со максимални четири победи на двата турнири одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес таа е прва во зоната Велес – регион Исток. Со ова одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ ги продолжуваат натпреварите на регионалните натпревари кој ќе се одржат во второто полугодие од оваа учебна година. Екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ Велес ја сочинуваа: Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов и Бобан Дукадиновски од 4-4 клас, Горан Славков 3-4 клас , Драган Кимовски 3-5 клас и Тоше Јорданоски 3-2 клас.

 

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu