Home / Видео / Успех – одлика на стрелачите од велешкиот стрелачки клуб

Успех – одлика на стрелачите од велешкиот стрелачки клуб

strelaci_2Спортското стрелаштво не е непознато за велешани. Долгата традиција,  во минатото успешните велешки стрелачи, се мотив плус за младите вљубеници во пукањето со воздушни пушки  кои се дел од Стрелачкиот клуб Велес. Клубот постоел многу одамна, но во 2009 година, Јован Андовски успеа да ја  зачувува традицијата на велешкото стрелаштво. Тој со напорна работа полека успева да го подигне клубот на стабилни нозе.
Возбудливоста на спортот, стрелање метци со воздушна пушка, секојдневно станува се поинтересено и позабавно за помладата популација. Интеросот се зголемува, но за аматерите да станат врвни стрелачи потребни се одредени услови. Тренерот Јован вели дека во моментов стреланата не може да одговори на голем број заинтересирани лица кои сакаат да се занимаваат со овој спорт.
Начинот на кој започнале стрелачите да тренираат е речиси ист кај сите. Дел од нив слушнале за овој спорт од свои другарчиња,а дел започнале да тренираат за продолжување на семејната традиција.
Процесот од поставување на телото до пукање и погодување на метата е релативно краток, но секој стрелач поединечно мора неколкупати да ја провери позицијата и својата пушка за да го погоди центарот на метата.
Учеството на бројни натпревари и освојување на награди придонесува стрелачите од натпревар во натпревар да бидат се подобри. Годинава Сојузот на спортови на град Велес признанија за млади спортисти им  додели  токму на  стрелачите Ангела Чејкова и Јован Џоневски.
Јован Андовски доби признание  Најдобар мадински тренер за 2014 година. Наградата за него значи мотив плус за работа и создавање успешни стрелачи. Стрелачкиот клуб Велес во моментов располага со неколку одела за пукање, и само неколку пушки кои се конкурентни за натпревари, останатите се само за процесот на тренирање. Од клубот велат дека имаат потреба од нови, но финансиските средства се многу кратки за нивна  набавка

Извор: www.velestvonline.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu