Home / Колективни спортови / Спортската рекреација во функција на здравјето

Спортската рекреација во функција на здравјето

26fa8acc9dВо секојдневната трка по работа и заработувачка се излагаме на прекумерни нервно – емоционални напрегања.При тоа се повеќе ги запоставуваме основните потреби на нашиот организам : јадеме нередовно и често премногу обилно , малку спиеме , недоволно се одмараме , многу пушиме , неумерено пиеме. Постојно сме напреганати , преоптеретени и уморни.Чувствуваме се повеќе здравствени проблеми и препреки. Не водиме доволно сметка за своето здравје. Во главно се однесуваме како “ потрошувачи “ а ретко како “ произведувачи “ на своето здравје.
Здравје е состојба на подполна , физичка , психичка и социјална благосостојба а не само одсуство на болести.Совремнета наука квантитативно го дефинира здравјето како збир ( сума ) на “ резервните капацитети “ на основните функционални системи. Во овој смисол треба да размислиме дали со својот начин на живеење само ги трошиме и намалуваме резервите на здравје и дали доволно се трудиме да го сочува – ме и унапредиме своето здравје.Здравјето не е само наша сопственост.Здравјето не сме го наследиле само од нашите предци, туку сме го позајмиле и од наште наслед – ници. Со своето однесување , начинот на живеење и односот кон здравјето не влијае – ме само на своето здравје , туку и на здравјето и животот на нашите деца ,нашите внуци и правнуци.
Должината на животот и резервите на здравјето не се одредени само со наследството.На нив исто така влијаат другите фактори, пред се , условите и начинот на живеење и работата. Здравјето на современиот човек највеќе го загрозуваат обилната и несоодветна исхрана , недоволната физичка активност , стресот , загадената животна средина и штетните навики.
Прекумерната исхрана во комбинација со хипокинезијата и прекумерните нервно – емоцинални оптеретувања ги предизвикува современите болести на цивилизацијата: заболувања на мускулно – коскениот систем , болести на срцето и крвните садови , органите за дишење, варење и разни нервно – емоцинални заболувања.
Секое прекумерно ограничување на моторните активности е во противречност со човековата биолошка природа.Тоа причинува разни проблеми во функционирањето на највитал – ните органи и организмот во целина , кои во почетокот се само од функционален а подоцна и од органски карактер.Недостатокот на оптимална физичка активност најдобро и најлесно можеме да го надокнадиме низ соодветни програми на спортска рекреација.

Спортска рекреација – ефикасен лек
Програмите на спортската рекреација создаваат повеќекратно позитивно влијание на организмот на современиот човек:Ефектите на програмата на спортската рекреа – ција , во основа , можат да се изразат во два правци :
• превенција , зачувување и подигање на општото ниво на : здравјето , физичките, функционалните и работните способности , ефикасното одмарање, релаксација, забава и разонода
• целни влијанија : превенција и / или намалување на акутниот замор ,одмор, заздравување , превенција и / или намалување на хроничниот замор . оптимализација на телесната маса – превенција и лечење на дебелината , оптима – лизација на локомоторниот апарат – превенција , ублажување и / или намалување на напнатоста и болките од општ и локален карактер , оптимализација на кардио васкуларниот систем – јакнење на срцевиот мускул , зголемување на еластичноста на крвните садови , антистрес програми – превенција и намалување на нервно емоционална напнатост , подобрување на самочувството , намалување на вознемиреноста и депресивните состојби , опуштање и релаксација.sport
Ако сакаме до го сочуваме здравјето , да ги унапредиме способностите , ги превени – раме , ублажиме и намалиме многубројните здравствени проблеми , подобро да се чуствуваме ,по лесно и по добро да работиме, мораме да ги ставиме под контрола морбогените фактори – пушењето , алкохолот , стресот и другите кои го загрозуваат здравјето и го зголемиме влијанието на оние фактори кои го чуваат и унапредуваат здравјето.Систематското вежбање , правилен избор и користењето на соодветните програми на спортска рекреација е физиолошки најефикасен и најприроден начин на чување и унапредување на здравјето.

Движењето е важна каракатеристика на животот.Затоа , мускулната активност е најдобар физиолошки начин за стимулирање на разните системи на организмот. Во текот на мускулната активност се ангажираат сите органски системи , се интен – зивира метаболизамот – се зголемува потрошувачката на кислород , се интензиви – раат некои биохемиски и физиолошки процеси.На оптеретувањата организмот одговара со комплексни биохемиски ,психолошки и физиолошки реакции.Тоа е процес на брза – моментална адаптација на организмот на применетите оптеретувања во текот на програмата на спортската рекреација.Брзите адаптациони промени се случуваат на ниво на физиолошки адаптациони механизми.Со повеќекратни – систе – матски повторувања на програмите на спортска рекреација се обезбедува долготрајна стабилна адаптација која се карактеризира со морфофункционални структурни промени на ниво на клеточни структури , ткива ,органи и поедини органски системи. Паралелно со тоа се усовршуваат механизмите на регулацијата како во работата на поедините органи ,органски системи и организмот во целина.
Влијанието на мускулната активност е толку длабока и сестрана што ја менува активноста на генетскиот апарат, битно влијае на биосентезата на белковините. Мускулните белковини се разградуваат со константна брзина.Периодот на полу – распадот на овие белковини е 30 дена.Тоа значи дека секои 30 дена се распаѓаат 50 % од белковините на нашите мускулите.Истовремено се врши синтеза на нови белковини.Меѓутоа , интензитетот на процесот на синтеза на нови мускулни белковини не е константен.Тој зависи од обемот ,карактерот и интензитетот на мускулните активности ,односно од трофичките процеси во мускулите.Ако мускулите не се активни , на пример ако ногата е имобилизирана во гипс , синтезата на нови белковини е успорена а распаѓањето се одвива со константна брзина.Последица на ова е атрофија на мускулите. Програмите на спортската рекреација комплексно влијаат на организмот и придоне – суваат на развивањето на механизмите на општа адаптација , насочено посебно кон енергетското и трофичкото обезбедување на специфични хомеостски реакции.Со систематска примена на адекватни програми на спортска рекреација се придонесува кон функционалното и структурното престројување на поедини ограни и системи , проширување на нивните функционални можности.Тоа има големо значење за превенција и одржување на здравјето ,зголемување на работните способности и отпорноста на орагнизмот на делување на штетните влијанија.Овие програми , исто така допринесуваат на успорување на процесите на предвремено стареење , намалу – вње на ризикот од многу болести , пред се на болестите на срцето и крвните садови.

Механизам на општа адаптација
mountain-bike-val-di-fiemmeПрограмите на спортската рекреација ефикасно придонесуваат на развивањето на нервно – мускулниот систем ,зголемување на силата, брзината , флексибилноста и издржливоста и позитивно влијаат на активноста на многу други органи.Во текот на спортско – рекреативните активности обемот на циркулацијата на крвта може да се зголеми 40 – 60 пати во однос на состојбата во мирување. Со тоа се обезбедува подобро снабдување на активните мускули и на сите органи и системи со кислород и со хранливи материи , битно се подобруваат трофичките процеси.
Програмите на спортска рекреација имаат значителен ефект на механизмите на општа адаптација , што посебно се одразува врз :
• Усовршување на функциите на централниот нервен систем и нервната регулација на органите и организмот во целост.
• Зголемување на функционалните способности и стабилност на ендокрилниот систем;
• Зголемување на енергетските потенцијали на организмот;
• Проширување на транспортот на кислородот;
• Оптимализација на оксидативните процеси , зајакнато формирање на митохон – дрии и економизација на размената на материите;
• Интензивирање на користењето на мастите како енергетски извори и намалување на количините на масните ткива во организмот.

м-р Ангелче Гушев

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu