Home / Колективни спортови / Да го вратиме современиот ракомет во Велес

Да го вратиме современиот ракомет во Велес

Многу одамна во Велес не се игра модерен ракомет. А тој ракомет се игра веќе многу одамна. Тоа е брз ракомет кој е диктиран од правилата кои се воспоставени на теренот. Повеќе нема центар, а тоа значи дека можеш да тргнеш од центар кога сакаш. Сметам дека нападот во овие услови на игра не започнува со првите фази на нападот, туку започнува од крајните фази на квалитетната одбрана. Тоа значи дека од моментот на освојување на топката или пак со самото примање на гол големи се можностите да го започнете нападот, но сепак истиот да е планиран и осмислен. Тоа е во рамките на современиот ракомет, тоа не е некоја мудрост или некое откритие на векот. Можеби овие мои ставови се разликуваат од некои други, но тоа се големи “ситници“ кои ги прават новините во современиот ракомет и сметам дека ова е доста корисно, успешно и носи резултати.

Понатаму современиот ракомет го нуди и брзиот центар кој е еден од новините во сегашниот ракомет. Кога би го анализирале статистички ќе утврдиме дека неговиот учинок е голем и е во состајба да направи голема резултатска разлика. Не може да играме како што се играше пред 20 години. Веќе во целост мора да се увежбуваат техничко-тактичките варијанти кои носат резулати од контра, брза игра и брз центар.
Одбраната мора да биде клучен момент во современиот ракомет, таа не смее да биде дефанзивна и блокерска, таа треба да биде проактивна. Играчите треба да иницираат промени, а не да чекаат да противникот нешто стори, па тогаш тие да реагираат, затоа што тогаш тоа е касно. Мораме да иницираме промени во противничкиот напад, мораме да напаѓаме, да бидеме агресивни и да ги оддалечуваме проблемите од пред својот гол.

Со употребата на овој модел на игра добрите екипи постигнуваат и по десетина голови. Ако не се следат современите трендови, не можеш да ги стигнеш, а не да ги следиш, ако не играш и ти , ако не го увежбуваш заостануваш во современиот ракомет.
Адутите на велешкот современ ракомет се мобилизирање на сите потенцијални млади ракометари кои гравитираат на терените во Велес, вклучување на млади ракометари од училишните спортски клубови, вклучување на наставниците по ФЗО и Спорт и спортските активности во работата со младите ракометари, обезбедување на потребна надокнада, опрема и реквизити за младите потенцијални кадри, максимална посветеност на работа со нив на терен, создавање на квалитетна менаџерска управа која ќе раководи со велешкиот ракомет (а не поделба по партиска припадност – пет наши и два ваши), а со тоа ќе дојде до спојување на поединечните квалитети, желбата за успех и создавање на тимски дух кои што би ја водел новата ракометна велешка генерација која што треба да се создава, од причина што веќе десетина години од Велес нема испаднато млад врвен ракометен играч, кој што ќе биде пример на ракометарите од осумдесетите и деведесетите години во Велес.

Многу ми е јасно за кризните финасиските состојби посветени за спортот па и за ракометот на терените на општина Велес, но покрај кризата со финасиите, во велешкиот ракомет се појавува и криза со стручен обучен кадар кој би ги водел сите категории кои се потребни во хиерархијатата на еден клуб кои теба да биде пример во супер лигата. Како се работи покажуваат и создадените ракометни играчи на терените на општина Велес. Она што е создадено и останато во Велес во послените десетина години не е способно да привлече до 3000 гледачи на трибините во велешката спортска сала. И за тоа за жал треба нешто да се менува, но да се менува од корен.

До сега сите локални власти даваат под закуп или пак ослободуваа општински имот во интерес на странските инвестиции. Сметам дека ни еден велешки лидер немаше доблест да ги услови странските инвеститори покрај сите поволности што ги добиваат од градот и државата (во делот на инфраструктура и комунални дејности) да дел од приходот го вложат во велешкиот спорт – во ракометот, одбојката, кошарката.

Помеѓу младите велешани секогаш има материјал за создавање на добри ракометари. Меѓутоа одговорно тврдам дека прво лошата финасиска состојба, лошото менаџирање на сите управни одбори на велешкиот ракомет, лошата работа на терен и на крај лошата селекција допринесоа до опаѓање на современиот велешки ракомет.
После новонастанатите состојби во велешкиот ракомет мора да дојде до преструктуирање на работата со велешкиот ракомет. Тука се младите ракометари од спортската академија каде што младите работат под сручен надзор, потоа ученици од училишниот спорт, мора да се создаде стручен тим од лиценцирани ракометни тренери, наставници по ФЗО и спорт и спортски активности кои што ќе ја превземат одговорноста се со цел да во наредните 4 до 6 години се создадат ракометари кои ќе бидат “извезувани“ од Велес, а не како досега “увезувани“ во Велес. Овој предгол би го разбрал и би се сложил само оној кој посакува добро на велешкиот современ ракомет и сето ова да постане една сериозна приказна која што ќе трае долги години во Општина Велес.
И како заклучок и препорака: мораме да се движиме кон обезбедување на млади кои ги имаат или приближно ги поседуваат следните карактеристики: три до пет млади играчи со висина над 185 сантиметри, пет до седум млади играчи кои поседуваат висина од 175 сантметри наменети за десен и лев бек , три до пет млади играчи кои се левучари, два до три млади спортсисти кои поседуваат добра флексибилност и имаат солидна висина, а истите би биле потенцијални кандидати за голманската функција . Ова се само проекции кон кои би требало да се стремиме и да селектираме се со цел да создавме една нова слика на велешкиот современ ракомет. Ако немаме квалитетет млад кадар неможеме да ја поправиме состојбата во велешкиот ракомет.

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu