Home / СУС Велес / Светски Ден без автомобили

Светски Ден без автомобили

На 22.09.2020 год. (вторник) – “Светски ден без автомобили“, Федерацијата на училишен спорт спорт на Македонија, а во соработка со општинските сојузи на училишен спорт се вклучува во организација на овој настан. Во одбележувањето на овој настан поради пандемијата од КОВИД 19 се вклучуваат само наставиците и професорите по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности. По тој повод Сојузот на училише спорт на Велес заедно со сите наставници и професори по ФЗО и ССА од Општина Велес организираа рекреативо возење со велосипеди и тоа на релацијата Велес – Отовица – Сујаклари – Мотелите на Велешко езеро – Винарија Сопот, со што се одбележа Светски ден без автомобили.
На овој настан учество земаа и професорите по спорт и спортски активности од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, Златко Здравковски, Леонид Таневски и м-р Ангелче Гушев.

По извозената рекреативна тура се организираше и работен состанок со претседателот на ФУСМ, г-дин проф. д-р Александар Туфекџиевски и советникот за ФЗО/ССА при Бирото за развој на образованието г-ди Мустафа Алиу. На овој состанок беа претсавени наредните насоки за училишиот спорт под предложеите протоколи од страна на Влатата на РМ, а Советникот при БРО ги претстави скратеите наставни програми за физичкото и здравствено образование и спорт и спортски активности и даде препораки како да се реализираат истите и како да се врши оценувањето кое што воедно е претставено и во самите наставни програми.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu