Home / СУС Велес / Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ прва на регионалните натпревари

Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ прва на регионалните натпревари

На 28.03.2019 год. (четврток), во спортската сала при ССОУ “Коле Неделковски“ во Велес се одржа првиот турнир на Регионална лига во обојка за средни училишта во машка конкуренција на регион исток. Во рамките на овој турнир земаа учество обојкарските екипи на: ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес), СОУ “Никола Карев“ (Струмица) , СОУ “Наум Наумовски Борче“ (Пробиштип) и СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ (Велес) .
На овој прв турнир беа постигнати следните рзултати:
-СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ (Велес)- СОУ “Никола Карев“ (Струмица) 0:2;
-ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес) – СОУ “Наум Наумовски Борче“ (Пробиштип) 2:0;
-ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес)- СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ (Велес) 2:0.

Одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес

По првиот турнир пласманот е следен:
1.ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес) -4 бода
2.СОУ “Никола Карев“ (Струмица) -2 бода
3.СОУ “Наум Наумовски Борче“ (Пробиштип) -0 бода
4.СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ (Велес) – 0 бодови

Водач на екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес е професорот по спорт и спортски активности, Ангелче Гушев. Со максимални четири бода на овој турнир одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес е мометално прва во регион Исток. Со ова одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ ги продолжуваат натпреварите на регионалните натпревари кој ќе се одржат во Пробиштип на 17 април оваа година. Екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ Велес ја сочинуваа: Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов и Бобан Дукадиновски од 4-4 клас, Горан Славков 3-4 клас , Драган Кимовски 3-5 клас и Тоше Јорданоски 3-2 клас.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu