Home / СУС Велес / Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ четврти во Државната лига за средни училишта во Република Мекедонија

Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ четврти во Државната лига за средни училишта во Република Мекедонија

На 22.5.2019 год. (среда) одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес во спортската сала на СМУ “Никола Штејн“ во Тетово зема учество на третиот турнир и завршен турнир на Државната лига во ОДБОЈКА за средни училишта во машка конкуренција. На Државната лига во одбојка организирана од страна на Федерацијата на училишен спшорт на Македонија, учество земаа најдобрите шест екипи од Република Македонија и тоа екипите на: СОУ “Никола Карев“ Струмица, ДУФК “М.М. Брицо“ Скопје, СОУ “Н. Н. Борче Крушево“ , СОУ “Никола Штејн“ Тетово, ССОУ “Коле Неделкивски“ Велес и СОУ “Зеф Љуш Марку“ Скопје.

На натпреварите од третиот турнир беа постигнати следните резултати:
СОУ “Зеф Љуш Марку“ (Скопје) 0:2 ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес)
ДУФК “М.М. Брицо“ (Скопје) 2:0 СМУ “Никола Штејн“ Тетово
СОУ “Н.Н. Борче“ Крушево 2:0 ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес)
СМУ “Никола Штејн“ Тетово 0:2 СОУ “Никола Карев“ Струмица
СОУ “Никола Карев“ Струмица 2:0 СОУ “Зеф Љуш Марку“ Скопје

По овие завршни натпревари, конечниот завршен пласман е следен:
1.ДУФК “М.М. Брицо“ Скопје 10 бода
2.СОУ “Никола Карев“ Струмица 9 бода
3.СОУ “Н.Н. Борче“ Крушево 7 бода
4.ССОУ “Коле Неделковски“ Велес 4 бода
5.СМУ “Никола Штејн“ Тетово 3 бода
6.СОУ “Гим. Зеф Љуш Марку“ Скопје 0 бода

Водач на екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес е професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев. Екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ Велес ја сочинуваа: Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов и Бобан Дукадиновски од 4-4 клас, Горан Славков 3-4 клас , Драган Кимовски 3-5 клас и Тоше Јорданоски 3-2 клас.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu