Home / СУС Велес / Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ обезбедија настап на државните натпревари

Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ обезбедија настап на државните натпревари

На 18.04.2019 год. (четврток), во спортската сала при СОУ “Наум Наумовски – Борче“ во Пробиштип се одржа вториот турнир на Регионална лига во обојка за средни училишта во машка конкуренција на регион исток. Во рамките на овој турнир земаа учество обојкарските екипи на: ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес), СОУ “Никола Карев“ (Струмица) , СОУ “Наум Наумовски Борче“ (Пробиштип)  и  СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ (Велес) .

СОУ “Никола Карев“ Струмица

На овој втор турнир беа постигнати следните резултати:

СОУ “Наум Наумовски Борче“ (Пробиштип) – СОУ “Никола Карев“ (Струмица) 0:2

СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ (Велес) – СОУ “Наум Наумовски Борче“ (Пробиштип) 2:1

СОУ “Никола Карев“ (Струмица) – ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес) – 2:0

СОУ “Н.Н – Борче“ Пробиштип

Конечна ранг листа – пласман:

1. СОУ “Никола Карев“ (Струмица) – 6 бода

2. ССОУ “Коле Неделковски“ (Велес) – 4 бода

3. СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ (Велес) – 2 бодови

4. СОУ “Наум Наумовски Борче“ (Пробиштип) – 0  бода

СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ Велес

Водач на екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес е професорот по спорт и спортски активности,  Ангелче Гушев. Училишнта екипа се пласираше помеѓу шесте најдобри училишни екипи во Република Македонија.

ССОУ “Коле Неделковски“ Велес

Со четири бода во конечен пласман одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес во месец мај  оваа година ги продолжуваат натпреварите на државното првенство кое ќе се реализира турнирски во три градови во држават и тоа во Тетово, Скопје и Струмица. Екипата на ССОУ “Коле Неделковски“ Велес ја сочинуваа: Илија Илиевски, Сашко Ангеловски, Никола Зазов и Бобан Дукадиновски од 4-4 клас, Горан Славков 3-4 клас , Драган Кимовски 3-5 клас и Тоше Јорданоски 3-2 клас.


м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu