Home / СУС Велес / Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ први во Општина Велес

Одбојкарите на ССОУ “Коле Неделковски“ први во Општина Велес

Во организација на Сојуз на училишен спорт – Велес, во периодот од 24 до 26 октомври 2018 год. се реализираше  општинската лига – одбојка (машки)  во која што учество земаа сите средните училишта од Велес. Натпреварите се организираат во салата на ССОУ “ Коле Неделковски– Велес. Натпреварите ги судеше меѓународниот одбојкарски судија Орданче Амбарков.

Организатор на натпреварите, а воедно и водач на училишната екипа  беше професорот по спорт и спортски активности, м-р Ангелче Гушев. Со победите над сите средни училишта со максимум освоени 6 бода училишната екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ го освои првото место во рамките на општинската лига во одбојка – машки.

Екипа на ССОУ “Коле Неделковски ја сочинуваа следните ученици: Илија Илиевски , Сашко Ангеловски,  Никола Зазов, Драган Кимовски 3-5 клас, Бобан Дукадиновски, Марко Игновски од 4-4 клас,  Тоше Јордановски 3-2 клас, Илија Буковски4-1 клас, Димитар Ѓорѓиев 2-7 клас, Горан Славков 3-4 клас и Бојан Здравковски 2-7 клас.

Резултати на одиграните натпревари:

  • ССОУ “Коле Неделковски“ – СОУ “Јовче Тесличков“  2 : 0
  • СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ – СОУ “Димитрија Чуповски“ 2 : 1
  • ССОУ “Коле Неделковски“ – СОУ “Димитрија Чуповски“ 2 : 0
  • СОУ “Јовче Тесличков“ – СОУ “Гимназија Кочо Рацин“  0 : 2
  • ССОУ “Коле Неделковски“ – СОУ “Гимназија Кочо Рацин“  2 : 0
  • СОУ “Јовче Тесличков“ – СОУ “Димитрија Чуповски“  0 : 2

Табела

1. ССОУ “Коле Неделковски“  6 бода

2.СОУ “Гимназија Кочо Рацин“  4 бода

3.СОУ “Димитрија Чуповски“  2 бода

4.СОУ “Јовче Тесличков“ 0 бода

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu