Home / Спортски настани / Спортски настани / XXII Симпозиум за спорт и физичко образование на младите

XXII Симпозиум за спорт и физичко образование на младите

Во организација на Федерација на спортски педагози на Република Македонија во периодот 4-5 октомври 2019 година во хотел Дрим во Струга се одржа XXII Симпозиум за спорт и физичко образование на младите. Како партнери на  Федерација на спортски педагози на Република Македонија во организација на овој симпозиум беа и Агенцијата за млади и спортс, Сојуз на спортски федерации, Македонски Олимписки комитет и Здружението “Аргументум“. На овој симпозиум како учесници од страна на ССОУ “Коле Неделковски“ беа професорите Леонид Таневски, Златко Здравковски и м-р Ангелче Гушев.

Присутните на Симпозиумот ги поздрави и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Дарко Каевски, поранешниот премиер проф. Д-р Владо Бучковски и претседателот на ФСПМ , Гордан Стојчевски.
Основна тема на кој се работеше на  симпозиумот беа: Состојби, предизвици и перспективи на физичкото образование, спортот и рекреацијата. Беа организирани и две работилници на следните теми:

  1. Основни правни аспекти на спортот
  2. Квалитетно физичко образование во основното образование : актуелни проблеми и можни решенија.

Со следните поттеми:

  • Физичкото образование и спортот во образовниот систем
  • Компетенции , едукација и професионален развој на кадрите
  • Физичко образование и спорт за здрав и активен живот, активни заедници и промоција на здравјето
  • Холистички пристап и учење преку физичкото образование
  • Инклузивно физчко образование
  • Физичка подготовка и спортот во одбраната и безбедноста
  • Педагошки, психолошки и социолошки аспекти на физичкото образование, спорт и рекреацијата
  • Спортско право
  • Спортски менаџмент
  • Спортски туризам
  • Современи пристапи во спортскиот тренинг
  • Спортски повреди и рехабилитација.

На овој  Симпозиум беа присутни еминентни академски професори по спорт, кинезиологија и методика од Бугарија, Србија, Хрватска, Црна гора и Романија.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu