Home / Стручни Теми / Науката во училишниот спорт

Науката во училишниот спорт

Покрај организацијата на натпреварувања од училишно, општинско, зонско, регионално до државно ниво во 20-ина спортови во кои годишно учествуваат над 50 илјади ученици, Федерацијата на училишен спорт на Македонија започна со примена на современи научни сознанија во училишниот спорт. Во соработка со Институтот за научно-истражувачка работа во спортот при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и со Катедрата за биохемија и генетско инжинерство при Факултетот за земјоделски науки и храна, а поддржана од Агенцијата за млади и спорт, ФУСМ започна со реализација на неколку проекти.

Иницијалните искуства за овие проекти се стекнати при овогодинешната посета на делегација на ФУСМ на Австралискиот институт за спорт и на Австралиската федерација за училишен спорт каде што развојот на училишниот спорт и спортот во целост се фундирани на научни сознанија. По отварањето на овој институт во 1981 година, австралискиот спорт е во постојана нагорна линија, а австралиските спортисти кои своите почетоци ги имаат во училишниот спорт денес освојуваат медали на најголемите светски натпреварувања.

Сакајќи да ги искористи овие искуства, од оваа година ФУСМ започна со систематска дијагностика на антрополошкиот статус кај најдобрите ученици – спортисти во повеќе спортови за време на
традиционалниот летен камп. Покрај ова, во лабораториите на Факултетот за земјоделски науки и храна започнаа генетски истражувања на два гени кои се поврзани со спортски перформанси и 5 гени кои се поврзани со појава на прекумерна тежина кај младите. Овие резултатите ќе бидат вкрстени со податоци за нутритивните навики кај најмладите спортисти. Со ваквиот пристап, ФУСМ покажува како една спортска федерација може да го планира развојот
на спортот преку примена на современи научни методи кои во претстојниот период треба да резултираат со врвни резултати на нашите спортисти на европски и светски првенства и олимписки игри.

Извор: Федерација на училишен спорт на Македонија
https://www.facebook.com/fusmak/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu