Home / Спортски настани / м-р Ангелче Гушев – најуспешен спортски педагог за 2019 во Велес

м-р Ангелче Гушев – најуспешен спортски педагог за 2019 во Велес

Во рамките на манифестацијата Избор на спортист на град Велес за 2019 година во организација на Општина Велес и Сојузот на спортови на Велес на 29.12.2017 год. (петок) на бродот “Панини“ на Велешко езеро, професорот по спорт и спортски активности при ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, м-р Ангелче Гушев беше прогласен за најуспешен спортски педагог за средно образование за 2019 година.

Во оваа 2019 година ги има постигнато следните резултати во рамките на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојуз на училишен спорт на Велес:

  • прво место на општинските натпревари во рамките на општинската лига во одбојка (машки) со одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ (организирано во Велес)
  • прво место на зонските натпревари (регион Исток) во рамките на лигата во одбојка (машки) со одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ (организирано во Валандово)
  • прво место на регионалните натпревари во рамките на регионалната лига во одбојка (машки) со одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски““ (организирано во Пробиштип)
  • четврто место со одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ на Државната лига во одбојка за средни училишта во машка конкуренција организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија во конкуренција на најдобрите шест средни училишта во Република Македонија и тоа: СОУ “Никола Карев“ Струмица, ДУФК “М.М. Брицо“ Скопје, СОУ “Н. Н. Борче “ Крушево , СОУ “Никола Штејн“ Тетово, ССОУ “Коле Неделкивски“ Велес и СОУ “Зеф Љуш Марку“ Скопје. “ (организирано во Скопје, Тетово и Струмица преку три турнири)
  • второ место на општинските натпревари во рамките на општинската лига во ракомет (машки) со одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“
  • второ место на општинските натпревари во рамките на општинската лига во одбојка (женски) со одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“
  • организирање на меѓународни одбојкарски натпревари во машка конкуренција помеѓу одбојкарските екипи на ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес Република Македонија и СОУ “Станислав Сташица“ – Новогард, Република Полска и тоа во двете држави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu