Home / Престој во природа / Логорување во природа / Младите креираат сопствени активности

Младите креираат сопствени активности

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ Велес  во перидот од 5 до 7.4.2019 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото место во Општина Чашка,  го реализираше првиот едукативен камп во рамките на проектот “Една идеја, еден сон, една цел! “. На овој камп педесете учесници млади од Велес, Чашка и Штип преставени преки извидничкиот одред “Димитар Влахов“, извидничкиот одред “Еквинокс“ и иницијативата на млади  за формирање на одред од Чашка, работеа на креирање на упатства за планирање и реализирање на младински активности.

Покрај ова сите педесетина учесници во еден дел од кампот работеа и активности за совладување на вештини и вештарства што дополнително ќе зголемуваат младинските активности. Предходно беа реализирани активности на проектот како што се  посета и организирани средби по месните заедници како и избор на локални координатори со кои ќе се комуницира и соработува при креирање и реализирање на младински активности, а воедно е спроведена анкета преку анкетен прашалник за потребите на младите и нивната улога во Општина Чашка.

Долгогодишното функционирање на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ на територија на Општина Чашка преку извидничкиот центар во Голозици придонесува со користење на нови методологии за самоорганизирање на младински активности и зголемено учество на младите во процесот на носење на одлуки како и зајакната соработка меѓу локалните власти и граѓанските организации.  

Проектот е поддржан преку проектот  “Правна помош и поддршка за зајкнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални и граѓански организации“, финансиран од страна на Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu