Home / Методика на ФЗО / Колку сме физички писмени ?

Колку сме физички писмени ?

Македонија има висок  степен  на неписменост, а колку има  физички писмени и кој знае што е тоа физичката писменост?  Со неа не се раѓаме, а таа ни е значајна исто толку важно како учењето на  букви и бројки. Што е физичка писменост и зошто е таа важна? Физичката писменост не се разликува од другите видови писменост. Тоа подразбира можност да секое дете учествува во широк спектар различни дисциплини или во различни спортови. Децата не се раѓаат со способност за физичка писменост, исто како што не можат да читаат или да сметаат по самото раѓање. Факт е дека децата треба да се едуцираат  да научат да читаат, пишуваат, бројат, сметаат. Сето ова подоцна ќе им помогне да бидат  успешни. Малку е познато дека со вклучувањето на едноставни физички активности и вежби, исто така тие ги подобруваат  вештините за читање и сметање. Родителите веројатно се запознати со поими како што се “писменост“ и “пресметување“.

Училишните табли фаворизираат писменост и пресметувае, како начин да ги научат децата да бидат успешни во сите аспекти од нивниот иден живот. Меѓутоа навистина да успеат во животот, луѓето мора да поседуваат и ментално и физичко здравје. Исто како учењето на читање и математика, но на децата мора да им се пружи поддршка и помош во развојот на физичката писменост. Истражувањата покажуваат дека многу млади луѓе со слаба физичка писменост се недоволно развиени се повлекуваат од физичката активност и спортот.Покрај тоа, тие обично не се во можност да направат позитивен избор кога станува збор за нивното здравје и одмор и најчесто поминуваат во активности за кои не е потребен физички напор. Потребно е да и се даде на физичка писменост иста важност што им се дава на читање и пишување, или работата на компјутери.

Паузите од учење се лесен и популарен начин за интегрирање на физичката писменост во работата. Кратките физички активности што наставниците би ги вклопиле во редовен училишен распоред, ќе им дадат можност на децата да ја ослободат вишок енергија, што би имало позитивен ефект врз нивното учење. Зошто физичката писменост не е составен дел од сите детски и младински програми? Една од причините е што не се знае доволно за поврзаноста помеѓу физичката активност и развојот на мозокот. Родителите треба да работат со своите деца за да се стекнат со физичка писменост. Императив е тие да бидат упорни за децата и младите да ги следат упатствата на кинезиолозите и лекарите кои предлагаат физичка активност: најмалку еден час физичка активност на ден за деца и млади и најмалку 2,5 часа физичка активност за возрасни во текот на една недела . Ова е клучно за одржување на здравјето и истовремено за намалување на ризикот од појава на една или повеќе од 25 хронични заболувања, вклучувајќи срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и остеопороза.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu