Home / Колективни спортови / Когнитивните способности на ракометарите во современата ракометна игра

Когнитивните способности на ракометарите во современата ракометна игра

Во иднина, големо значење ќе биде посветено на менталниот тренинг, на тренингот на умот на играчите и истите да имаат нов методолошки пристап. Оперативниот дел од мозокот, е оној што ги придвижува мускулите и повеќе нема да биде во центарот на вниманието. Фокусот ќе биде ставен на перцептивниот дел од мозокот кој ја разгледува околината каде што когнитивните способности ќе ја играат најважната улога. Секој успешен тренинг ја води концетрацијата на играчите кон приближување до победата и создава опиплива разлика помеѓу победниците и губитниците. Свесеноста за насочување на вниманието и мислите кон посакуваната насока е многу значајно кога играте под стрес и притисок. Тактиката и психологијата се најважните елементи за секој добар тренер. Во однос на интелигенцијата на играчот (можности за игра), тие може да се идентификуваат со:

  1. Можности да се забележат ситуации во играта (толкување и разбирање на играта).
  2. Одговарање на реакцијата на воочената ситуација (тактички одговор).

Менталниот и когнитивниот тренинг ја подобрува способноста на ракометарите да размислуваат и да донесуваат одлуки. Концентрацијата на играчи во центарот на акцијата, секако, треба да биде во повторувана, бидејќи перцепцијата за деталите исто така ќе биде подобрена. Да се обидеме да го контролираме умот на играчот, каде што прво подразбираме размислување и меморирање, односно рационална ментална состојба. Умот и субјективната состојба секогаш мора да бидат избалансирани. Во никој случај не смеат да преовладуваат емоциите затоа што ги намалуваат когнитивните и интелектуалните способности: вниманието, концентрацијата и меморијата. Ова се причината зошто мора да се развијат когнитивни способности, како што се брзина на перцепцијата, вербалното разбирање, логичкото размислување и меморијата. Негувањето на позитивни емоции и добро расположение придонесува за самоконтрола, отвореност и контролирана агресија, истовремено намалувајќи ја нервозата. Мотивацијата, самоконтролата и толеранцијата исто така мора да се негуваат и поддржуваат кај ракометарите. Факторите на успехот на кои мора да се работи секојдневно и кој се дел од менталниот тренинг и обука се:

  1. Вежбајте игнорирање на ситуации кои што го одвлекуваат вниманието.
  2. Вежбајте ја концентрација за тоа што треба да се направи во моментов и како да се постигне истото.

Невролозите тврдат дека : мозокот е како мускулот – затоа и тој мора да биде обучен и трениран. Јаснотијата претставува најважниот метод при учењето и затоа во тренажната методологијата важно е да се има:

  1. Мала идеја
  2. Јасни идеи
  3. Добра реализација на овие идеи

Ракометниот слоган на иднината што сакам да го истакнем е: силата на умот и вештини против мускулите во играта. Во иднина ќе мора да создаваме и да има нови стандарди во ракометот, односно нов креативен и иновативен модел на ракомет, кој со своите вештини, знаење и брзина на тактички одговор, треба да даваат нова димензија на играта. Во иднина сакам и се залагам да видим креативен ракометар, а не спортист, маратонец или бодибилдер. Целта на секоја тимска и машка игра е да го надмудриме нашиот противник. Во иднина, сакам да видам и ракометен модел со многу голема брзина на нозете кои исто така ќе биде и во мислите и менталното размислување, играч кој обработува визуелни и просторни податоци со неверојатна брзина.

Сигурен сум дека има светла иднина за ракометот во Велес и Македонија. Како наставник по спорт и спортски ативности и магистер по спорт кои своите тренерски активности им ги посветив 25 години на својот живот на различни деца од четири основни и средни училишта во Велес, сигурен сум дека ракометот е најатрактивната глобална тимска игра во затворен простор со неверојатен број можности за подобрување.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu