Home / Престој во природа / Логорување во природа / Извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес , прв во второто коло на Извидничка лига на СИМ

Извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес , прв во второто коло на Извидничка лига на СИМ

Во Катлановска Брезица во организација на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје и  Сојуз на извидници на Македонија од 20 до 22.4.2018 год. се одржа второто коло од извидничката лига во СИМ 2018 – “45 Меморијал Марко Граорковски“.

Ова коло ги опфаќаше следните категории на членство:  извидници (12-15 години), истражувачи (16-18 години) и ровери (19 до 24 години).  Учесници на второт коло од извидничката лига на СИМ 2018 беа извидниците од  Скопје, Велес, Кичево, Охрид, Св.Николе, Прилеп, Штип, Струга и гости од Ниш и Белград,
Република Србија .

Типот на натпреварите на ова второ извидничко коло беше – традиционалната ориентација. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од  Велес зема учество со осум извидници или две патроли во категоријата на истражувачи.  Патрола од велшкиот одред “Чичко Врап“ со 1356 бода го освои првото место во категријата истражуважи, а патролата “Копуци“ со  638 бодови го освои петто место во конкуренција на десет патроли.

Победничата патола на ИО “Димитар Влахов“ од Велес беше составена од следните извидници: Благој Ѓоргиев, Трајче Темелковски, Стефче Рогужаров и Мартин Голчев. Додека пак втората патрола на нашиот одред беше составена од: Иван Гушев, Кире Харалампиев, Давид Темелковски и Павел Шопов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu