Home / Колективни спортови / Иднината на современата ракометна игра

Иднината на современата ракометна игра

Ракометот во иднината со право ќе го реафирмира ракометниот тренер како институција, како и неговиот авторитет. Иднината на ракометот ќе бара од играчот да размислува, тренира и да игра интензивно, да биде исто толку креативен и иновативен колку и тренерот. Самата иновација ќе се креира преку единствени и уникатни идеи. Од гледна точка на структурата на движењето (техника -“зошто“) и структурата на ситуацијата во текот на играта (тактиката – “заради што“), ракометот е една од најсложените колективни игри во која преовладува брзата трансформација од една акција во друга. За да би се покажал развојот на иднината на ракометот, важно е да се утврдат параметрите на ситуационата ефикасност на секој играч во конкурентни услови на самиот спорт и во синергија со другите соиграчи.

Во ракометот постојат два основни услови: позиција и транзиција. Позиција подразбира позиција во игра при напад и при одбрана (6:6). Додека пак транзицијата се однесува на позиции на брз центар, контра-напад, полу-напад, продолжен напад и враќање во одбрана.
Во денешно време, можеме да препознаеме два системи на игра во  ракометот: т.е. два различни пристапа кон стратегијата на играта, кои секако се однесуваат на тимската структура, техничката и тактичката подготвеност на екипата и чистиот потенцијал на играчите. Добра ракометна екипа или состав  всушност претставува континуирана манифестација на организирањето на играта како индикатор за спортската подготвеност на екипата.

Се разбира, самата екипа има сопствен  систем на игра,  има свој концепт и стил – има своја стратегија  и тактика. Составот на екипа го развива и системот за игри ја одредува основната активност на играчите во одбраната, нападот и транзиција.
Еден од системите на игра од  доаѓа од контролирана игра со максимална тактичка дисциплина и тоа носи со себе побавно темпо и ризик. Во вториот систем на игра на екипата доминира постојаната игра, или стабилна и сериозна  игра, која кај екипата има тенденција да постојано да ја засилува играта и да одржува силно темпо со брза промена од одбрана до напад, брзи транзиции и обратно.

Како и да изгледа играта на екипата , од најголема важност е да се создадат јасни и видливи играчи кои ќе размислуваат брзо и ќе можат брзо да носат заклучоци и реални одлуки. Да се создадат играчи кои ќе имаат брз увид во играта и брзо да ги решаваат проблемите кои се поврзани со ракометната игра на сопствената екипа. Секоја екипа треба да обезбедува доволно слобода на играчот за да  ја искаже својата креативност и оригиналност. Формулата за успех на ракометот во иднината ќе биде: Техничка интензитет = успех. Техниката и тактиката мора да се вежбаат и тренираат истовремено. Само тогаш кога играчот ќе ја совлада тактиката, тој може да постане вистински и прав играч. Сепак, мора да се има предвид дека без добра техника, ниту една тактичка идеја не може да се спроведе на дело. Секако не треба да се заборави дека тактиката која се учи ракометарот  во екипата е еднократна, додека неговата техниката е доживотна.

Ракометниот играч ја учи постојано тактиката, а преку која постојано се прашува: “Кој е следниот чекор на противник?“, потоа, “Како можам да му возвратам со нешто што тој не очекува?”. Ракометниот играч треба да ја гледа иднината на играта на далеку. Тој треба да знае како да го прочита противникот и како може да го спречи или да ја одложи донесувањето на одлука на противничкиот играч. Во иднина, моделот на прав и првокласен ракометен играч ќе има се помалку и помалку толеранција за тактички грешки во играта што произлегуваат пред се од меморијата на играчот.
Затоа што играч што не ја препознава ситуацијата во услови на играта тој не ќе може да се носи со ситуациските услови на ракометната игра. Оваа вештина ракометните играчи ќе мора да ја совладуваат преку методите на ситуациско за учење на играта.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu