Home / Сојуз на спортови Велес / Игор Леовски – спортист на Велес за 2016

Игор Леовски – спортист на Велес за 2016

Во организација на Сојузот на спортови на Велес и Општина Велес на 30.12.2016 год. (петок) по педесет и седми пат се организираше манифестацијата “Избор на спортист“. Во категоријата најдобар спортист наградата му припадна на Игор Леовски членот на фут-сал клубот „Велес“. Второто место му припадна на кајакарот Борче Мирчевски од кајак клубот „Бабуна“,а трет е исто така кајакарот Љубомир Спасиќ од клубот „Гемиџии“. Фут-сал клубот „Велес“ годинава ја освои наградата во екипна конкуренција пред ГРК Борец и кајак клубот „Бабуна“.

На листата до десетте најдобри спортист по Леовски се најдоа:   2- кајакарот Борче Мирчевски ККК Бабуна, 3- Љубомир Спасиќ ККК Гемиџии, 4- Христијан Ванчевски МВК Велес, 5- Кире Димовски голман во ГРК Борец,  6- Благој Левков – ФК Борец 1919,  7- Драган Ванов мотоциклист – МК Велес, 8- Стевче Илиевски  фудбалер на ФК Превалец, 9- Дејан Димовски одбојкар на ГОК Борец, 10- спортски риболовец Славко казаков СРД Кркушка. Екипи второ место.  ГРК Борец 3-то место ККК Вардар.

На манифестацијата беа прогласени повеќе категории.  Така наградени беа и 13 талентирани младинци:  стрелаштво Стефанија Андовска, кајакар Христијан Игнатов, ракометар Антонио Јаневски, велосипедист Јован   Настов, одбојкар Филип Ајдаров, кајакар Енис Небиоски,  одбојкарка Марија Богоевска, борач Кадир Камбери,  фудбалер Сашко Кочов, кошаркар Стефан Митрев,  мотоциклист Самид Бишевац, стрелаштво Ненад Антиќ и велосипедист Виктор Ванчевски.

Екипи во младинска категорија  беа нагредени:  Карат клуб Гладијатор, МВК Велес,  ККК Велес.   Признанија з а тренери добија: Иван Божовиќ од КМФ  Велес и во младинска категорија Кристијан Николов од МВК Велес .

Признание доби и меѓународниот карате судија Раде Стефановски, додека пак за спортски работник Иле Чуповски од МВК Велес.   Постхумно  признанија за развој на велешкиот спорт добија фудбалерот Трајче Манасков и кошаркарот Јован Наќинов.

Признанија за посебни  достигнувања добија Тодорче Георгиев од СПД Чеплес и  Небојша Саздов од фитнес клуб Атлета.  Признанија за 60 години на Одбојкарскиот клуб доби ,,Борец,, и за 55 години боречкиот клуб ,,Борец,, како и домаќинот на ГРК Борец Трајче Начаров а за спортска манифестација   стрелечкиот клуб Велес.

Признанија имаше и за спортските педагози Петре Жабев професор по физичко воспитување во ОУ Блаже Конески и Татјана Арсовска професор по физичко воспитување во ОУ Васил Главинов, кое беше прогласено   за најдобро училиште во општината.    Манифестацијата финансиски беше поддржана од Општина  Велес.

– Во таа насока и во наредните години од општинската каса ќе издвојуваме средства за развој и унапредување на спортот во градот, потенцира Чадиев.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu