Home / Спортски настани / Европски Ден на Спортот во Училиштата

Европски Ден на Спортот во Училиштата

Федерацијата на Спортските Педагози на Република Македонија на 25 септември ќе го организира „Европскиот Ден на Спортот во Училиштата“ #ESSD2020. На креативни начини во услови на пандемија ќе се организираат физички активности кои кај децата и училишната младина ќе поттикнат забава, благосостојба, задоволство од физика активности која е пред се во функција на превенција и унаредување на нивното здравје. Оваа година по шести пат се организира Европскиот ден на спортот во училиштата, како предводник на #BeActive „Европска недела на спортот“. Минатата година беа вклучени 90.000 училишта од 44 држави со активни 3 милиони училишни деца во 120 минутна физичка активности. Настанот е координиран од Унгарската Федерација на Училишен Спорт во соработка со „Европската асоцијација за физичко образование“, „Младински спортски труст интернешнл“,„Меѓународното здружение за спорт и култура“, „BG Be Active“ и „V4Sport“ и „Националните координатори во повеќе од 33 земји“.

Настанот со 120 минутна физичка активности и дружење во нашата држава ќе се организира на два начини: 1. со физичко присуство во училишните дворови и игралишта и 2. онлајн физичките активности на далечина каде што во живо со стриминг ќе се пренесуваат на социјалните мрежи. Регистрацијата е достапна на официјалната страна на www.essd.eu, на која може да се регистрираат, преку одговорно лице, сите училишта кои сакаат да учествуваат на настанот кој ќе го организира нашата Федерација или сами ќе изработат и постираат свои видеа и краток извештај за физичките активности во нивните училишта. Симултаните сесии на физички активности ќе бидат пренесувани во живо низ цела Европа од страна на Нациоланите координатори од сите земји учеснички. Секој поединец може да го следи онлајн настанот, а секое училиште треба да се регистрира за реализација на свој училишен настан.

Извор: Federation of Sports Pedagogue

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu