Home / Кондициска подготовка / Дијагностика на тренираноста на спортистите

Дијагностика на тренираноста на спортистите

Дијагностиката на тренираност на спортисти е составен дел на планирање, контрола и спроведување, но и неизоставен дел при реализацијата на тренажниот процес. Наменето е за сите оние кои ја препознаваат потребата да ја проверат нивната моментална физичка состојба на модерен, научно заснован и проверен начин и да
ги испланираат идните чекори врз оваа основа. Здружението Центар за Кинезиологија Велес е специјализирана институција кој врши контрола на тренираноста на учениците и спортистите без кои не може да се замисли наставта по спорт и спортски активности/ФЗО и учеството во натпреварувачкиот ситем во спортските лиги кои постојат во нашата држава. За реализација на оваа дејност ние се опремени со реквизити и стручни лица кои во целост може да ја реализираат целокупната активност.

Како дел од постапката за дијагностицирање, во зависност од целите на тестирањето и потребите на клиентите, извршуваме проценка на моторните и функционалните способности, како и проценка на психосоцијалниот статус и нивото на психолошка подготвеност на спортистите. Избирајќи индивидуални тестови или формираме група тестови, ние ги извршуваме на договорот со клиентот / спортистот / тренерот и според однапред дефинирани цели. Во врска со целите, тестовите може да бидат во функција на:

• Одредување на моменталната состојба на спортската форма на испитаниците и соодветно информирање на тренерите;
• Контрола и проценка на квалитетот на реализација на тренажно –трансформациски процеси (добиваме податоци за тоа дали промените се случиле во согласност со планираниот и насочен процес на тренингот),
• Предвидувања на спортскиот потенцијал на испитаниците (идентификација на таленти), селекција или усмерување на децата кон одредени спортски дисциплини,
• Следење на развојот на моторичките способности кај децата (Покрај моторните тестови, составен дел на овој процес е и редовното следење на здравствената состојба со следење на постуралниот статус и идентификација на можните деформитети (рбетот, стапалото) Редовното следење овозможува навремено идентификување на потенцијалните проблеми во моторичкиот развој, со што се олеснува работата за корекција како и континуирано следење и динамика на развојот,
• Едукацијата и обука на наставниците, тренери и спортистите (добро интерпретираните резултатите од тестовите овозможуваат преглед на слабостите на испитаниците, согледувајќи ги специфичните барања на избраниот спорт/ спортска дисциплина и понуда на можност за примена на оптимални оптоварувања за развој на посакуваните способности),
• Контрола и мониторинг на процесот на рехабилитација (првичните мерења даваат преглед на моменталната состојба на работите и соодветно дизајнирање на соодветната програма за работа, додека пак подоцнежните мерењата служат за проценка на напредокот во закрепнувањето и правењето на соодветни прилагодувања и корекции во работниот план)

Повеќето од тестирањата се вршат во лабораториски услови, а со договор можеме да ги спроведеме на терен.

Тестови за мерење на волумен и маса на телото и негова  лонгитудинална и трансверзална  димензионалност

Што се
мери
Со што
се мери
Единица мерка Точност Што се
проценува
Висина на
телото
Антропометар см 0.1 цм Лонгитуд.
димензии
Должина на нозе Антропометар см 0.1 цм Лонгитуд.
димензии
Ширина на рамена Гинеколошки шестар см0.1 цм Транс.
димензии
Ширина на карлица Гинеколошки шестар см 0.1 цм Транс.
димензии
Длжина
на раце
Антропометар мм 1 мм Транс.
димензии
Маса на
тело
Мерна вага кг 0.1 кг Маса
Обем на
граден кош
Мерна лента мм 1 мм Волумен
на телото
Обем на
колкови
Мерна лента мм 1 мм Волумен
на телото
Обем на
надлактица
Мерна лента мм 1 мм Волумен
на телото
Обем на
подлактица
Мерна лента мм 1 мм Волумен
на телото
Обем на
надколеница
Мерна лента мм 1 мм Волумен
на телото
Обем на
подколеница
Мерна лента мм 1 мм Волумен
на телото
Обем на
стомак
Мерна лента мм 1 мм Волумен на телото

(продолжува )

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu