Home / Сојуз на спортови Велес / Го оправдавме нашето постоење

Го оправдавме нашето постоење

Драги читатели, драги корисници, нашето постење веќе е оправдано и потврдено, а со тоа сметаме дека ја постигнавме и целта за која што го формиравме сајтот – иновација и едукација на нова спортска технологија. Сајтот прерасна во место каде што голем број на ученици, наставници, спортисти, рекреативци ги дополнуваат и ги надградуваат своите знаење и својата стручност. Сајтот покрај едукативниот карактер има и информативна задача, односно да ги информира читателите за голем број на спортски настани во град Велес и Република Македонија. Да ги шири информации за училишниот спорт и активностите guse2на Сојузот на спортови на град Велес и Општина Велес.
Како потврда на сето тоа на 28.12.2018 год. (петок) во рамките на манифестација “Избор на спортис на Велес за 2018“, веб порталот www.kineziologija.mk во рамките на посебните признанија, доби Благодарница за промовирање на спортот во Велес за 2018. Благодарницата во името на Сојуз на спортови и Општина Велес беше доделена од страна на претседателот на стрелачката федерација на Македонија. За порталот беше кажано следното “… Посебни признанија на свеченоста по повод изборот на спортист на градот доби и веб порталот www.kineziologija.mk . Тој е првиот сајт во Македонија што ги обработува четирите области на науката за движењата, а тука ке сретнете и едукација и иновација на спортска технологија. Порталот го уредува првиот магистер по спорт во Велес , м-р Ангелче Гушев кои има една цел – РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО ВЕЛЕС.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu