Home / Колективни спортови / Ракомет / Водење на статистика во ракометната игра

Водење на статистика во ракометната игра

Од непроценлива важност и голема вредност имаат анализите на натпреварите за поединечен и колективен домет и нивната реализација на ТЕ-ТА варијантите во насока на резултатите на својата екипа но и на противничката со која се среќаваме.
Во сите ракометни раководства и колективи во развиените земји сите натпревари на скоро сите нивоа се статистички пратени (анализирани) и поткрепени со видео снимка. Подоцна на стручните штабови овие статистички и видео записи им се од голема помош во анализата на натпреварите. Секако дека една или две статистички анализи неможат да ја дадат правата слика на екипата , но серија на статистички аналзи водени во континуитет, со голема сигурност ќе ја покажат правата слика, а воедно ќе укажат на воочените грешки,
проблеми и недостатоци но ќе ги покажат и позитивните страни на играчите од екипата.

Веќе овие статистички анализи се вода со помош специјализирани софтверски програми кој се вметнуваат во мини лап топови и истите се наоѓаат на клупа за резервни играчи. Во текот на натпреварот веднаш се добиваат информации за воочените негативни и позитивни ситуаации и на тој начин истите можат да се корегираат за време на натпреварот. За време на “time out“ или на одморот на полувремето исто така статистичките информации се од голема корист. Но оние кои работат со помали категории или пак во екипи кој мнемаат високо развиена клубска структура немаа можност од софтверска анализа, тогаш може да се користи “хартиената“ статистика која се води рачно и тоа на најосновните податоци (шут, промашувања, техмички грешки, одбрани, асистенции). Ваков вид на анализа треба да биде на секој млад и амбициозен тренер .

Ова е пример за пратење на млади категории кои се користеше во почетокот на овј милениум. Во времето на компјутерската магија користењето на видео снимките секогаш мора да бидат поткепени и со статистичка анализа која може да се подготви и на предложениот начин, а со тоа ќе се изврши и презентација на те-та елементите кај сите играчи поединечно но и на целата екипа. Пример за ваков вид на обично и едноставено статистичко водење мжете да видите тука: http://kineziologija.mk/wp-content/uploads/2020/02/Статистика-ракомет.pdfВ

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu