Home / Индивидуални спортови / Влијанието на планинарењето врз нашето здравје

Влијанието на планинарењето врз нашето здравје

Планинарењето и движењето во природа е здрава придобивка која делува благодетно на нашето тело и мисла. Планинарењето придонесува за здраво слабеење и витка линија, подобрена кардиоваскуларна слика. Дебелината е глобален проблем во сите земји. Со зголемена тежина доаѓаат разни болести и аномалии. Преку активно планинарење овие проблеми се сведуваат на минимум. Планинарењето влијае да го изгубите лошиот холестерол, подобрена крвна слика, понизок крвен притисок, релаксираност и сила на нервниот систем. Зајакнување на телото, позитивно влијае на коските и на нивното зајакнување и преставува вежба за целото тело. Позитивно влијае на самодовербата, упорноста и успехот да се искачи некој голем врв влијаат на вашата самодоверба. После тоа ќе се чувстувате силно, успешно и посреќни. Планинарењето во групи го подобрува социјалниот момент, нови познанства, размена на информации и знаења. Директно и индиректно, се стекуваат вештини и искуства за природата, растенијата и дивиот свет кој ве опкружува.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu