Home / СУС Велес / Велешките средни училишта меѓу најдобрите на спортската Гимназијада Тетово 2018

Велешките средни училишта меѓу најдобрите на спортската Гимназијада Тетово 2018

Во периодот од 10-12.5.2018 год., во Тетово во организација на Федерацијата на училишен спорт се одржа единаесетата по ред државна спортска манифестација на средни училишта „Гимназијада Тетово2018”. Учесниците се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини и тоа: фудбал, футсал, кошарка, ракомет и одбојка во машка и во женска конкуренција. На натпреварувањето учествува околу 1000 средношколци од 56 екипи од средните училишта во државата.
Во организација на натпреварите беа вклучени над 100 професори по спорт и спортски активности. “Гимназијада Тетово 2018” е одлична можност за социјализација на младите, но и можност за покажување на индивидуалните и колективните спортски квалитети.
Во рамките на оваа Гимназијада од Велес учество земаа и одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес во машка конкуренција, одбојкарската екипа на СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ во женска конкуренција и машката и женската екипа во фудбал на СОУ “Гимназија Кочо рацин“

После натпреварите во групи екипата на одбојкарската екипа на ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес обезбеди пласман во полуфиналните натпревари каде што после победата над од СОУ “Наум Наумовски – Борче“ од Крушевого освои третото место на Гимназијадата.
Додека пак одбојкарската екипа на СОУ Гимназија Кочо Рацин го освои петото место со победата над СОУ “Никола Штејн“ од Теотово.
Фудбалската екипа на СОУ Гимназија Кочо Рацин во машка конкуренција го освои второт место после поразот во финлето од екипата на ДУФК “ММ-Брицо“ од Скопје, а женската фудбалска екипа на СОУ “Гимазија Кочо Рацин“ во фиалето ја победи екипата на СОУ “Јосип Броз Тито“ од Битола и со тоа го освои првото место на Гимазијада Тетово 2018.
Водачи и ментори на екипите од Велес беа:

1. ССОУ “Коле Неделковски“ (одбојка машки) – м-р Ангелче Гушев
2. СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ (одбојка женски) – проф. Иле Попов
3. СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ (фудбал женски) – проф. Иле Попов
4. СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ (фудбал машки) – проф. Диме Тодоров

Со овој пласман на екипите од нашиот град го докажавме квалитетот и континуираната работа со нашите ученици и поттикнувањето на интересот кај младата популација за активно учество во професионалниот и рекреативен спорт, како и заложбите за генерален развој на спортот во Република Македонија и поддршка на младите, за нивно правилно насочување и развивање во личности со изразен натпреварувачки дух и креативност. Учеството на споменатите училишни екипи на Гимназијада Тетово 2018 година беа со поддршка на Сојузот на Училишен спорт на Велес и Општина Велес.

 

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu