Home / Спортски настани / Велес Опен 2018 – организиран по седми пат

Велес Опен 2018 – организиран по седми пат

Во периодот од 20 до 23 септември на тениските терени во Градскиот парк во Велес се одржаа тениските натпревари во рамките на Отвореното првенство на Македонија – “Велес Опен“ во тенис за сениори и сениорки кое традиционално по седми пат се одржува во Велес.

Првенството го организираше тенискиот клуб “Борец“ од Велес во соработка  со Македонската тениска федерација.  Овој тениски турнир е еден од најзначајните тениски натревари во државата.  Оваа година учествуваат 17 тенисери, меѓу кои голем број од најуспешните во државата.

Во конкуренција на 17 тенисери од најдобрите клубови во Македонија Стефан Мицов,  на 23 септември во финалниот меч извојува победа над Горазд Србљак со 2:0 во сетови. Душко Петров, претседател на Советот на Општина Велес ја додели првата  награда на еден од најдобрите рекети во Македонија. “Велес Опен“ се организираше со поддршка од Општина Велес.

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu