Home / Кондициска подготовка / Вежби за подобрување на силата

Вежби за подобрување на силата

Силата на човекот може да се дефинира како негова способност да совлада надворешен отпор или да му се спротистави со помош на мускулни напрегања. Постојат два вида сила: динамичка и статичка. За манифетацијата на динамичката сила карактеристична е промената на должината на ангажираната мускулатура, додека статичката сила се појавува во услови на мускулно напрегнување, при што нивната должина не се менува. Динамичката сила, во зависност од условите и потребите за сила, може да се манифестира како: максимална сила, експлозивна, брзинска и издржливост на силата. Максималната сила се карактеризира со најголемо можно (гранично) напрегнување на човековите мускули, што може да се регистрира со динамометар или со најголема подигната тежина. Таа представува волна манифестација, која се иницира кога е потребно да се совлада голем отпор на противникот, да се совлада голем товар и сл. Експлозивната сила представува способност на човекот да изврши максимална мускулна работа при некои сопствени движења, за најкусо можно време. Ваков вид на мускулна цила најчесто се манифестира во техниките на одбрана и самоодбрана (разни удари со нога, рака, службена палка, блокирања, фрлања), спринтови, скокови и слично. Во методиката на развојот на експлозивната сила својот максимум го искажува во почетокот на движењето. Брзинската сила претставува способност на мускулите за брза реализација на неотежнати движења во услови на релативно мал надворешен отпор. Таа е од големо значење за квалитетот на изведбата на разни техники на движење и активности кои се содржани во дел од ангажирањата во службата. Издржливоста на силата представува физичка активност во која се бара долготрајна манифестација на мускулни напрегања, без да се намали нивната работна ефикасност. Ова моторичко својство на човекот се карактеризира со способноста на мускулатурата да одржува одредена положба на телото (статичка издржливост на сила), со повторно извршување на експлозивни напори и повторени движења со различен итензитет (динамичка издржливост на силата). Показателите на динамичката издржливост на силата се значајни за техниките на приведување, одбрана, самодбрана и во други активности кога ситуацијата наметнува нивно зачестено повторување. Статичката издржливост на силата е типична за дејности поврзани со долготрајно одржување на одредена положба на телото, како што е гаѓање со огнострелно оружје или пак некои активности за чија реализација е потребен таков вид на мускулно ангажирање. Активностите за развој на силата можат да се применуваат 3 до 6 пати неделно, во различни денови, а за одржување на силата потребна е помала зачестеност. Комплексот можете да го симнете: Vezbi za podobruvanje na silata 

 

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu