Home / Исхрана на спортистите / Вашиот избор нека биде козјото млеко

Вашиот избор нека биде козјото млеко

Во Maкедонија малку популарното козјо млеко всушност претставува 65% од потрошувачката на млеко во светот? Причините за тоа се многу, а меѓу нив се докажани здравствените придобивки од редовната консумација на козјо млеко.


Само една чаша козјо млеко обезбедува 33% од дневната доза калциум.

Соодветно е за луѓе со алергии на лактоза. Кравјото млеко е алерген број еден меѓу малите деца, а алергијата може да трае до зрелоста. Дел од лесните симптоми на алергија на лактоза се дијареа, повраќање, црвенило и чешање. За алергиската реакција е одговорен протеинот Алфа s1 казеин.

Во козјото млеко нивото на овој протеин е 89% помалку во споредба со кравјото млеко. Ова го прави козјото млеко погодна замена при алергии. Всушност студии кај доенчињата со алергија на кравјо млеко донеле заклучок дека речиси 93% можат да пијат козјо млеко речиси без несакани ефекти! Освен тоа козјото млеко се преработува полесно и побрзо од кравјото.

Козјото млеко е витаминска бомба. Нутриционистите го препорачуваат козјото млеко како една од најбогатите на калциум храна. Само една чаша козјо млеко ни дава 33% од препорачаната дневна доза на калциум (наспроти 28% во кравјото млеко) и 20% од дозата витамин Б2. Исто така козјото млеко е богато со фосфор, витамин Б12, калиум. Самиот Ганди се подмладувал, со тоа што пиел само свежо козјо млеко по долги периоди на гладување.

Овој тип на млеко помага за намалување на холестеролот. Козјото млеко има лековити својства слични на маслиновото масло. Тоа помага за зголемување на нивото на “добриот” холестерол, додека намалување на лошиот. И покрај тоа што содржината на масти во кравјото и козјото млеко е слична, козјото млеко содржи речиси двапати повеќе средноверижни триглицериди (МСТ) кои се одговорни за намалување на “лошиот” холестерол (30-35%).

Козјото млеко го стимулира имунолошкиот систем. Козјото млеко содржи 27% повеќе селен од кравјото млеко. Овој минерал е клучна компонента за функционирањето на имунолошкиот систем. Тој ни помага да се спречат болести со тоа што ги одбива инфекциите.
И со тоа придобивките за здравјето не се исцрпуваат. Козјото млеко може да ја нормализира работата на кардиоваскуларниот систем и делува профилактички против гастроинтестинални заболувања, бидејќи ја намалува киселоста на желудникот.

Козјото млеко содржи високи нивоа на витамин А, кој го подобрува видот на кожата и е природен извор за борба против акните. Затоа козјото млеко може да надополнува диета за лекување на акни. Млечната киселина, која се содржи во млекото, му помага на телото да се ослободи од мртвите клетки и го избиструва тенот на лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu